Де Лаурентис планира да го ограби ПСЖ, позната е цената за која е подготвен да го продаде Осимен

Претседателот и сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис, денеска изјави дека ПСЖ е единствениот тим кој има пари за да го купи напаѓачот на италијанскиот шампион, Виктор Осимен.

Осимен, кој во Наполи пристигна во 2020 година, а минатата година беше најдобар стрелец во Серија А, се наоѓа на радарот на ПСЖ, кој почнува да се подготвува за живот без Килијан Мбапе.

Но, Де Лаурентис има намера да го „ограби“ ПСЖ.

„Единствен клуб кој може да си го дозволи трансферот на Осимен е ПСЖ. Ќе размислиме за продажба ако ни понудат 200 милиони евра“, изјави Де Лаурентис за „Медијасет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести