Екипата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија ова лето успеа да ги ангажира Нејмар, Малком, Невеш, Митровиќ и Милинковиќ – Савиќ. Сепак, една желба им остана неостварена. Тоа е напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, за кого понудија неверојатни 200 милиони евра, но не успеаја да го убедат претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, да го продаде.
Француски „Л’Екип“ тврди дека Де Лаурентис им испратил мејл со одговор на нивната понуда во кој пишувало:
„Со тие пари може да го купите само стапалото на Осимен. Следната година понудете 500 милиони евра и можеби ќе ја разгледаме понудата, но повторувам: можеби!“