Де Лаурентис: Жоржињо не е пеналџија, зошто тој ги шутира пеналите за Италија?

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, кој добро го познава поранешниот член на Наполи, Жоржињо, смета дека Бразилецот со италијански пасош не треба да ги шутира пеналите за Аѕурите, како што не ги изведувал ниту додека беше во Наполи.

Жоржињо синоќа во финишот при 1-1, утна важен пенал против Швајцарија, па сега Италијанците мора да победат на гости кај Северна Ирска во последното коло, ако сакаат директен пласман на СП.

„Жоржињо не е пеналџија. Жалам што пенал изведува некој што не е пеналџија. Многу подобро ќе беше Инсиње да останеше во игра и тој да го шутнеше пеналот“ – смета Де Лаурентис.

Жоржињо летоска утна пенал и во финалето на ЕВРО 2020 против Англија, а и во овие квалификации за СП 2022, не му е првпат да утне од белата точка.

- Оглас -

Најнови вести