Пенал магијата со потскокнување на Жоржињо исчезна (ФОТО)

Еден од кандидатите за Златната топка, Жоржињо е меѓу најдобрите пеналџии во светот.

Но, тој ги промаши последните три удари од 11 метри за репрезентацијата на Италија, со што сега тие ризикуваат и директен пласман на СП во Катар, откако вчеравечер одиграа само 1:1 со Швајцарија.

Жоржињо промаши пенал во 90. минута, со што тоа е трет по ред за него во дресот на репрезентацијата.

Лошата серија играчот на Челзи ја започна во финалето на ЕП против Англија, за потоа во два наврати по ред да промашува против Швајцарија во квалификациите за СП.

Очигледно е дека магијата со потскокнување веќе е прочитана.

 

- Оглас -

Најнови вести