Де Лихт беше целиот крвав во моментите кога Јувентус го прими голот од Лион (Фото)

Олимпик Лион води со 1-0 против Јувентус на полувреме, што е и единствен гол засега на денешните мечеви во Лигата на шампионите ако се знае дека на дуелот во Мадрид меѓу Реал и Манчестер сити нема погодоци.

Лукас Тусар во 31-вата минута погоди за голема радост на навивачите во Лион, а интересно е дека Јувентус во тие моменти беше со играч помалку. Поради повреда, надвор од теренот беше Матајс де Лихт. Холандскиот репрезентативец доби жесток удар во главата и наеднаш целата глава му беше во крв.

Додека на Де Лихт му се укажуваше помош, Лион успеа да даде гол. Погодокот на Лион може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести