30.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Де Лихт одбра да оди кај што се парите

Еден од најталентираните играчи во Европа, Матајс де Лихт, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен. Според пишувањата на „Ел Мундо Депортиво“, дефанзивецот на Ајакс, ја прифатил понудата на францускиот првак, пред тоа што го нудеа Јувентус, Барселона и Манчестер јунајтед за негово ангажирање.

Каталонскиот гигант беше фаворит за доведување на Де Лихт, но понудата на ПСЖ била многу попримамлива. Де Лихт во ПСЖ ќе добива 12 милиони евра по сезона, а „светците“ за неговиот трансфер ќе платат 75 милиони евра. Младиот играч од одбраната, во минатата сезона одигра 55 меча за Ајакс и беше еден од најзаслужните што тимот ја освои титулата во Холандија, а стигна и до полуфиналето во Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести