Де Роси ќе игра една година на „Бомбонера“: Бока јуниорс е шлаг на тортата во мојата кариера

Даниеле де Роси ќе игра една година за Бока јуниорс, веќе сè е договорено со аргентинскиот гигант, а неодамнешниот капитен на Рома вели дека ова е шлагот на крајот од неговата кариера.

„Не можев да замислам кариера без настап за Бока јуниорс“, изјави Де Роси. Капитенот на Рома играше за Римската волчица цели 18 години и тоа досега му беше единствениот клуб во професионалната кариера.

„Сега ќе си го исполнам и детскиот сон да играм на ’Бомбонера’ за Бока јуниорс“, додаде Роси.

Трансферот ќе биде реализиран во следните неколку денови.

- Оглас -

Најнови вести