Актуелниот НБА шампион, Денвер нагетс, после победата над ЛА Лејкерс, немаше сили за ново гостинско славје, без пауза меѓу натпреварите. Заморот си го стори своето, па Денвер убедливо загуби на гостувањето во Калифорнија од Сакраменто кингс со 135-106.
Сепак, мечот и не започна лошо за Денвер, отако гостите успеаја да ја добијат првата четвртина со 32-35, но во продолжение од мечот следуваше комплетна доминација на „кралевите“ од Сакраменто.
Никола Јокиќ беше најефикасен на мечот со 23 поени, но тоа не беше доволно за да и помогне на својата екипа да дојде до поволен резултат. За немоќта на актуелниот НБА шампион говори и однесувањето на србинот, кој збесна на една судиска одлука, па сосема заслужено доби техничка.
https://twitter.com/basketradamus/status/1756173387611676940?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1756173387611676940%7Ctwgr%5E93ffe453b5fc4e62c62a33f508db22d08c075285%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.blic.rs%2Fkosarka%2Fnba%2Fdebakl-denvera-u-sakramentu-nikola-jokic-dobio-tehnicku%2F2024021005224268458
Резултати:
Филаделфија – Атланта 121-127
Бостон – Вашингтон 133-129
Торонто – Хјустон 107-104
Милвоки – Шарлот 120-84
Сакраменто – Денвер 135-106
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 139-122