Дебакл на Работнички, МЗТ го „прелета“ Куманово

Половичен ефект имаа двата најголеми кошаркарски ривали, Работнички и МЗТ Скопје во четвртото коло од првата македонска кошаркарска лига.

Повеќе причини за радост имаше тимот од Аеродром кој што славеше убедливо против Куманово со 86:71, предводен од Дамјан Стојановски. Капитенот на овој тим постигна 25 поени со што ги донесе „штрковите“ до третата едноподруго победа.

Нивниот најголем ривал, пак, Работнички загуби убедливо на гостувањето кај Гостивар со 91:65 , со што воедно го запиша првиот пораз во оваа натпреварувачка година.

Најдобар поединец на оваа средба беше американскиот плејмејкер Ејасу Ворку кој забележа 24 поени, а „дабл-дабл“ учинок имаше босанскиот кошаркар Александар Тодоровиќ кој запиша 13 коша и 12 скокови.

МЗТ, барем привремено изби на лидерската позиција со седум бодови, ТФТ со победата над вториот тим на Аеродромци од 91:85 се врати на првото место. Работнички има шест бода и е на делба на четвртата позиција со Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести