Дебелиот „сумо борач“ кој е пикер на ДР Конго, стана хит на Мундијалот во Египет (Фото)

Победата на Аргентина против ДР Конго од 28-22 беше меч кој се следеше со големо внимание, бидејќи таму се појави нова ѕвезда на ракометното небо и тоа поради несекојдневнот изглед. Пикерот на ДР Конг, Готје Мвумби, има стомак каков што ретко се гледа кај спортисти, освен ако не се сумо борачи.

Мвумби стана ѕвезда по социјалните мрежи откако се појавија негови слики од мечот со Аргентина. Килажата не му пречи, тој даде 4 гола од 4 обиди.

Интересно е што има различни податоци околу неговата висина и тежина. Сигурно е само дека е роден во 1994 година во Франција, има 26 години. Според некои податоци на ИХФ, Мвумби е висок 192 сантиметри и има 110 килограми. Но, на официјалната страна на СП пишува дека е висок 176 и тежок само 89 килограми, што секако не е точно.

Мвумби кој игра во втората француска лига, има 2 метри висина и минимум 130 килограми, па успеа да ги засени сите други кои се појавија.

- Оглас -

Најнови вести