Дефанзивата за Словенија пристигна, се чека нападот (Фото)

Дефанзивата на Македонија е подготвена за дуелот со Словенија, а први на собирот денеска точно напладне пристигнаа дефанзивците Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Кристијан Тошевски, Егзон Бејтулаи…

Селекторот Игор Ангеловски ќе го комплетира составот за Словенија, а првиот тренинг е закажан за вечерва, од 19 часот, на националната арена „Тодор Проески“.

Мечот од групата Г во квалификациите за ЕП 2020 година ќе го играме на 10 октомври во Скопје, а по Словенците ни следува дуел со Полска во Варшава на 13 октомври.

 

 

- Оглас -

Најнови вести