Дејан Илиев не го заборави Чех: Многу научив од тебе, имаше одлична кариера брате!

Еден од најдобрите голмани во изминативе 15-тина години, Петр Чех, ја заврши играчката кариера. Голманот на Арсенал немаше среќа во последниот меч да се радува на трофеј, откако неговиот тим загуби со 4:1 во финалето на Лигата на Европа. На овој меч, на клупата за резерви беше и македонскиот голман Дејан Илиев, кој неколку сезони е во Арсенал.

Македонскиот голман не заборави на убав начин да го испрати легендарниот чувар на мрежата и да му се заблагодари за сè што научил од него.

„Имав можност да работам со еден од најдобрите голмани кои сум ги гледал додека растев. Ти беше мојот идол на којшто секогаш се огледував! Тоа што можам да го кажам е дека во изминативе неколку години научив многу од тебе, од твоето големо искуство и од одличниот карактер! Честитки за твојата одлична кариера брате! Ти посакувам сè најдобро во иднина!“, напиша Илиев на својот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести