Килијан Мбапе нема да го напушти Реал Мадрид и покрај тоа што голем дел од навивачите на Кралскиот клуб сакаат да го видат неговото заминување. Флорентино Перес нема да дозволи негов трансфер или продажба.
Килијан Мбапе се најде под силни критики од навивачите на Реал Мадрид. Голем дел од нив го прозиваат, на натпреварите му се свирка, а дури е покренета и петиција за негово заминување од клубот.
Сепак, нивната желба нема да се исполни. Флорентино Перес ставил вето на негово заминување. Сите можат да си одат, освен него.
„Не постои никаква можност Килијан Мбапе да го напушти Реал Мадрид ова лето“, наведуваат извори блиски до клубот.
Тој е најголемата инвестиција на Флорентино Перес и претседателот ќе го продаде секој друг играч пред да размисли за негово заминување. Според тие извори, „глупост е дури и да се зборува за негов трансфер“.
Оваа сезона тој одигра 41 натпревар и постигна 41 гол, статистика на врвно ниво, но критиките доаѓаат затоа што Реал Мадрид не освојува трофеи, па дел од јавноста смета дека игра повеќе за лична статистика.
Во клубот сметаат дека предвремен раскин би испратил погрешна порака и кон соблекувалната и кон фудбалскиот свет. Реал Мадрид со години го посакуваше неговото доаѓање и не сака проектот да заврши само по неколку сезони.
За раководството, кризата е привремена фаза, а се планира реконструкција на тимот за да се изгради систем околу Килијан Мбапе со цел неговите бројки да се претворат и во трофеи.

