Фудбалерот за врска на турскиот шампион Галатасарај, Уругваецот Лукас Тореира, бил нападнат во трговски центар во Истанбул.
Турскиот фудбал со години наназад носи вистински хаос, и на теренот и надвор од него. Синоќа се случи уште еден голем скандал, а жртва е токму играчот на Галатасарај, Лукас Тореира.
Триесетгодишниот фудбалер бил нокаутиран во трговскиот центар. Напаѓачот му се приближил пред едно кафуле и му нанел удари во пределот на главата.
Турските медиуми тврдат дека над левата веѓа и окото на уругвајскиот фудбалер јасно се видливи траги од ударите.
Напаѓачот, за среќа, не успеал да му нанесе потешки повреди. Тој бил уапсен и се наоѓа во притвор. Станува збор за 32-годишен маж.
Според информациите од Турција, реагирал и 39-годишниот возач на ѕвездата на Галатасарај. Тој успеал да му зададе неколку удари на напаѓачот, кој потоа се дал во бегство.
Напаѓачот влегол во такси, но не успеал да избега, полицијата го уапсила, а се наведува дека тој веќе ѝ бил познат на полицијата од порано.
Навивачите на Галатасарај се огорчени поради нападот врз нивниот играч и преку социјалните мрежи бараат најстроги казни за сторителот. Истовремено му даваат голема поддршка на Тореира и порачуваат дека очекуваат брзо да се врати, физички и психички, и повторно да настапува за Галатасарај.
Клубот наскоро треба да објави подетални информации за здравствената состојба на Уругваецот и околностите на нападот.
Тореира наводно веќе поднел тужба против напаѓачот и бара забрана за приближување, а случајот ќе заврши на суд, при што 32-годишникот би можело да се соочи и со затворска казна.

