19.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Дејан Манасков се враќа во репрезентацијата, повикан е за пријателските мечеви со Јапонија

Одличната константна форма на левото крило Дејан Манасков во дресот на Еурофарм Пелистер и неговите 8 голa од 8 шута во Лигата на шампионите против Барселона резултираа со повик во националниот тим.

Манасков го немаше на листата во изминатиот период, се шпекулираше дека имаат несогласувања со селекторот Кирил Лазаров, но проблемите ако ги имало, сега се ставени на страна, на прво место е интересот на националниот тим, за врвен играч како Манасков мора да има место.

Лазаров за ЕХФ неделата во која Македонија ќе одигра две контролни пријателски средби против Јапонија на 30 октомври во спортската сала Автокоманда (натпревар од затворен тип) и на 1 ноември во 16.30 часот, повика 20-мина ракометари.

Повикани се и седуммина резерви, како: Филип Талески, Милан Лазаревски, Марко Митев, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ, Никола Маркоски и Томислав Јагуриноски.

- Оглас -

Најнови вести