Како Дејвид Мојс од една баба доби бакшиш од три фунти?

Дејвид Мојс беше тренерот кој седна на клупата на Манчестер јунајтед по заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Шкотот не го издржа притисокот и не успеа да го задржи нивото на Црвените ѓаволи како што тоа прехтодно успешно го правеше повеќе од 20 години популарниот Ферги. Сепак, не беше само Мојс кој не успеа во Манчестер, затоа што ниту еден тренер и по неговото заминување не донесе голема радост на „Олд Трафорд“.

Шкотскиот стратег сезонава е на клупата на Вест хем, а непланираната пауза предизвиката од корона-вирусот, реши да ја искористи со вклучување во добротворна работа. Мојс разнесува овошје и зеленчук на жителите во селото Ланкашај.

„Моја обврска е да го донесам овошјето и зеленчукот до вратата на луѓето кои нарачале“, вели Мојс, кој открива дека на ваква работа се решил кога видел оглас во една продавница дека бараат возач за достава. Мојс прифатил да помогне, а открива дека во една ситуација кога требало да наплати, добил и башкиш.

„Имав интересна ситуација со една постара госпоѓа. Мислам дека сметката за овошјето и зеленчукот изнесуваше 16,8 фунти. Таа ми даде 20 фуни и ми рече: Еве ти сине, задржи го кусурот“, открива Мојс за неговата активиност во време кога фудбалот е „замрзнат“.

- Оглас -

Најнови вести