Дејвид Симан: Рeмзи оди во помал клуб од Арсенал

Дејвид Симан, легендарниот голман на Арсенал, не е среќен што Арон Ремзи ќе си замине од клубот и како слободен ќе премине во Јувентус, но она со што ја изненади јавноста е изјавата на Симан  дека „топчиите“ се поголем клуб од „старата дама“.

„Арон ќе остане запаметен во Арсенал, тој е голем играч и фрустрирачки е што кога игра фантастичен фудбал, си заминува во друг тим. Ни се повторуваат овие работи. Врвен играч го напушта нашиот клуб и оди во друг кој не е ниту блиску голем како Арсенал. Не можам да верувам дека не успеаја да го задржат“, изјави Симан, кој бранеше за Арсенал од 1999 до 2003 година и освои три титули во Премиер лигата, а кај нас е најпознат како чувар на мрежата на кој Артим Шаќири му даде гол од корнер на мечот помеѓу Англија и Македонија.

- Оглас -

Најнови вести