Новиот спортски директор на Барселона, Деко, во изјава за шпанските медиуми ја откри вистината зошто Нејмар не се врати на „Камп ноу“, иако имаше такви шпекулации, и се одлучи кариерата да ја продолжи во Ал-Хилал од Саудиска Арабија.
„На сите ни е јасно дека, за жал, во моментов поради нашата финансиска состојба не беше можно да се направи трансферот. Требаше да се договориме со ПСЖ или со Арапите, нешто што не беше можно. Беше тоа ситуација која требаше да биде економски исплатлива за нас, но тоа не беше можно поради нашата моментална состојба“, рече Деко.
Нејмар потпиша двегодишен договор со Ал-Хилал според кој ќе заработи 400 милиони евра.