Делиите пееја за Синиша Михајловиќ и ја инспирираа Ѕвезда да победи (Видео)

Црвена ѕвезда ја победи Судува со 2-1 и се пласираше во следното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, каде што српскиот првак ќе се сретне со Хелсинки од Финска. Боаќи во четврта и Марин во 29-та минута ги решија сите дилеми околу патникот во следната фаза откако првиот меч во Литванија заврши 0-0. Судува преку Топчагиќ даде почесен гол во 96-та минута.

На почетокот на мечот во Белград, фановите истакнаа транспаренти во знак на поддршка на болната легенда Синиша Михајловиќ, кој откри дека има леукемија, а присутните 27.000 гледачи на стадионот „Рајко Митиќ“ со песна порачаа „Победи Синиша“.

„Се роди знаејќи само за живот, живееше знаејќи само за победи. Победи Синиша“, напишаа фановите. Делиите не го заборавија и кошаркарот Огњен Кузмиќ, кој е тешко повреден во сообраќајна несреќа, па го скандираа и неговото име.

 

- Оглас -

Најнови вести