Репрезентацијата на Палестина стигна до првиот бод на Азискиот куп, откако одигра 1:1 во дуел со Обединети Арапски Емирати. Селекцијата на ОАЕ ја имаше фаворитската улога и поведе со голот на Султан Адил во 23 минута.
Пред крајот на првото полувреме, Палестина имаше голема шанса да израмни, откако беше досуден пенал во нивна корист, а еден играч на ОАЕ доби црвен картон. Сепак, Тамер Сејам промаши пенал и на полувреме остана водството на ОАЕ.
Во вториот дел Палестина продолжи да напаѓа и тоа донесе резултат во 50 минута кога Насер си постигна автогол.
https://twitter.com/i/status/1748055876433330199
Во тие моменти кога Палестина израмни на 1:1, на трибините на стадионот во Ал-Вакрах во Катар се слуши делириум. Палестина се обиде да стигне и до целосен пресврт, но не успеа да постигне втор погодок. Во третото коло од групната фаза, Палестина ќе игра против Хонг Конг.
https://twitter.com/i/status/1748056211386224820