Делува лудо: Надал да го помине првото коло на Ролан Гарос е со квота од 3.60

Со мечевите од првото коло, денеска започнува шоуто во Париз, на грендслем турнирот Ролан Гарос. Ова е турнир кој во изминативе две децении го одбележа Рафаел Надал, Шпанецот кој има неверојатни 14 титули, што доволно покажува за каква доминација се работи.

Сепак, сега дојде време Надал не само да не е фаворит за трофејот, туку е и аутсајдер во првото коло. Поради тоа што не беше активен во изминативе неколку месеци, Надал не беше сместен меѓу носителите, па ждрепката не му се погоди и на стартот ќе игра против четвртиот носилет Александер Зверев.

Надал и Зверев досега играле дури 10 пати, а Шпанецот е поуспешен со седум победи. Сепак, фактот дека сега е надвор од натпреварувачка форма и дека за неколку дена Надал ќе наполи 38 години, улогата на фаворит е на страна на 10-години помладиот Зверев.

Според распоредот, денеска ќе треба да се одиграат 24 меча во машка, уште толку дуели и во женска конкуренција, како и средбите во двојки, што значи дека има огромна понуда за обложување.

- Оглас -

Најнови вести