Делува необично, но само Арсенал претходно направил вакво чудо во Лигата на шампионите

Манчестер јунајтед губеше со 0:2 на полувремето на „Олд Трафорд“ од Аталанта, но на крајот Црвените ѓаволи победија со 3:2 и сега се на чело на табелата во групата од Лигата на шампионите. Неверојатно беше второто полувреме за Манчестер, а Кристијано Роналдо со гол во 81-вата минута го комплетира пресвртот.

Ова е третпат во историјата на ЛШ, Манчестер јунајтед да победи на меч на којшто губел со два или повеќе разлика. Претходно, низ минатото тоа трипати му успеало само уште на Арсенал. Ниту еден друг клуб во Европа не успеал трипати да стигне до победа во ЛШ ако претходно бил во негатива од два или повеќе голови разлика.

- Оглас -

Најнови вести