25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Демант од германскиот првак за интересот на Де Јонг

Баерн Минхен исплива како последен кандидат за потписот на Френки де Јонг откако Челзи и Манчестер јунајтед кренаа раце од ценетиот играч за врска на Барселона.

Наводно Баварците планирале да го позајмат Де Јонг за тековната сезона, а идното лето да се преговара околу сумата на трансферот. Сепак, од Минхен стигна демант дека германскиот првак нема да го ангажира Холанѓанецот, односно нема да им прави услуга на Каталонците да ги регулираат финансиите.

Тренерот Нагелсман, како и управата, се задоволни од она што веќе го поседуваат во средниот ред. Кимих, Горецка, Сабицер, младите Видовиќ и Ванер, додека во новата ѕвезда Рајан Гравенберх, кој импресионира сè повеќе, се очекува да биде новиот лидер во средината од теренот.

- Оглас -

Најнови вести