Демант: Рајола не е мртов, но се бори за живот

Најпознатиот фудбалски агент Мино Рајола сепак не е мртов. Многу светски агенции попладнево соопштија дека Рајола починал во болница во Милано, но тоа сега е демантирано.

Рајола веќе четири месеци е во тешка здравствена состојба, a преку социјалните мрежи порача „Моменталниот здравствен статус: Лут бидејќи по вторпат за четири месеци ме умреа. По сè изгледа јас можам да оживеам“, стои на твитер-профилот на Рајола.

- Оглас -

Најнови вести