Дембеле ја зеде 10-ката на Нејмар во ПСЖ (Фото)

Некогаш Роналдињо и Нејмар, а сега дресот на Пари Сен Жермен со бројот 10 ќе го носи Осман Дембеле.

Француското крило требаше да носи дрес со бројот 23, но по заминувањето на Нејмар, се ослободи десетката и клубот му ја додели на новото засилување кое дојде од Барселона.

Дембеле во репрезентацијата носи дрес со бројот 11, во Барса исто така имаше 11-ка до 2021 година, кога го смени со бројот 7. И во Борусија Дортмунд имаше број 7, а 23-ка носеше на почетокот на кариерата во Рен, затоа и тоа му беше изборот кога потпиша за Светците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести