Во текот на денов низ шпанските медиуми се пишуваше дека Усман Дембеле ќе биде казнет од неговиот клуб Барселона со 100.000 евра, сума која може да биде и удвоена, но младиот Французин не обрнува внимание на тоа, барем според играта вечерва против Тотенхем.
Дембеле даде прекрасен гол за водство на Барса од 1-0 и со тоа ги омекнува сите кои бараа казна за него, за критиките кон тренерот Валверде и доцнењето од два часа на еден од последните тренинзи. Можеби е проблематично момче на кое му фали дисциплина, но дефинитивно има фудбалско знаење.
Видете како се прошета низ одбраната на лондонскиот тим пред да го совлада Уго Љорис:
https://www.youtube.com/watch?v=LNVycy-UeGI