Ден за голови, предлагаме пет меча на кои чекаме ефикасен фудбал

1003 Вест Хем – Челзи (18.30 часот)

Вест Хем на шест кола до крај е во позиција да се бори за ЛШ, а евентуална победа над Челзи ќе биде двојно слатка, бидејќи овие клубови се лондонски соседи и меѓу навивачите има големо ривалство. Двата тима имаат ист број бодови. Кај Чеканите ги нема Рајс, Досон и Антонио, додека Сините се без Ковачиќ и можеби Тијаго Силва. Последните четири меча на Вест Хем беа со барем по два гола на двете страни, но Челзи игра тврди неефикасни мечеви. Челзи од 2017 не славел на гости кај Вест Хем.

Предлог тип: ГГ (1.88)

 

1806 Баер Леверкузен – Ајнтрахт (18.30 часот)

Ова е тест за можностите на гостите од Франкфурт кои се четврти и треба да докажат дека заслужуваат место во ЛШ. Баер е на позицијата број 6 од која засега не може да оди ни погоре, ни подолу. Ајнтрахт сезонава има 11 ремија, но последен пат нерешено одиграа пред шест кола. Традицијата е на страна на Фармацевтите, тие на свој терен го победуваа Ајнтрахт на претходните шест соочувања, Ајнтрахт од 2013 година нема победа на „Бај арената“.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.72)

 

1304 Реал Мадрид – Бетис (21.00 часот)

На Реал Мадрид му одговара само победа бидејќи се бори за одбрана на титулата, но мора да мисли и на дуелот со Челзи во ЛШ. Бетис има серија од четири меча по ред, а пред тоа беа тим со најмалку ремија во лигата. Кај Реал се враќаат Модриќ и Азар, од стандардните ќе ги нема само Крос, Рамос и Менди. Кај Бетис суспендиран е Фекир, а повреден е Телјо. Реал четири години нема победа на свој терен против Бетис. Есеноска во Севилја, Реал победи со 3-2.

Предлог тип: 3+ (1.65)

 

1703 Мец – ПСЖ (17.00 часот)

Мец обезбеди опстанок и сега пет кола по ред не знае за победа. Од друга страна, ПСЖ и покрај големиот број киксеви, има само еден бод помалку од лидерот Лил. Светците се напаѓачки моќен тим кој сигурно ќе сака да ги намести нишанските соправи пред дуелот со Манчестер сити во ЛШ. Во септември, ПСЖ дома победи само со 1-0 против Мец и тоа со гол во 93-та минута. ПСЖ од 2014 наваму, редовно победува во Мец и секогаш дава барем два гола.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.91)

 

3002 Парма – Кротоне (18.00 часот)

Парма и Кротоне најверојатно ќе испаднат во Серија Б, па може да си дадат барем по еден гол. Кротоне е последен и со 80 примени голови, ја има најлошата одбрана во лигата. Парма во минатото коло претрпе шокантен пораз по кој најверојатно ги загуби шансите за опстанок. Парма има само три победи сезонава, можеби ова им е шанса да дојдат до четвртата, но и Кротоне гледа своја шанса. Кротоне во декември дома ја совлада Парма со 2-1, но на гостувањата, тимот освои само два бода.

Предлог тип: ГГ (1.62)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести