Иван Тричковски и АЕК Ларнака ја продолжија соработката до 2022 година. Македонскиот репрезентативец и еден од најдобрите играчи на кипарскиот тим по репрезентативната пауза, се согласи да потпише нов договор со клубот каде што игра во животна форма.
Oчигледно е дека Тричковски ужива бранејќи ги боите на АЕК, тимот за којшто досега запиша 125 настапи и постигна 69 погодоци во сите натпреварувања. Оваа сезона популарниот Тричко веќе запиша седум гола на своето конто, од кои пет беа во квалификациите за Лигата на Европа.
Напоредно со потписот на Тричковски, израелскиот тим Хапоел Тел Авив го претстави нашиот играч за врска Стефан Спировски. Спировски во Хапоел ќе се задржи најмалку три години, според договорот, а овој трансфер се очекуваше веќе извесно време.
„Мило ми е што пристигнав во овој тим, се надевам дека ќе можам да придонесам за нови успеси заедно со моите нови соиграчи. Слушнав многу убави работи за Тел Авив и овој клуб, со нетрпение чекам да истрчам пред нашите навивачи и да им донесам радост“, истакна Спировски при претставувањето.
Се очекува Македонецот да дебитира уште овој викенд, кога Хапоел во сабота ќе се соочи со Нес Циона во рамките од третото коло на израелскиот шампионат.
הקשר סטפן ספירובסקי חתם במועדון ל-3 שנים ויצטרף לסגל.
״אני שמח להגיע לכאן ומקווה שנצליח להגיע להישגים ביחד. שמעתי רבות על המועדון והעיר תל אביב. אני מחכה כבר להגיע לאצטדיון החדש ולפגוש את האוהדים, מקווה שנספק להם הרבה רגעים של נחת העונה״, אמר ספירובסקי לאחר החתימה.
בהצלחה! pic.twitter.com/q1OI6VaR3x
— HapoelTelAviv (@HapoelTelAvivFC) September 12, 2019