Ден за откази: шут-карта и за Силвињо

Ја доби довербата по препорака на спортскиот директор Жунињо, но Силвињо не се покажа во најдобро светло на клупата на Лион. Раководството одлучи да му врачи отказ само по 11 меча во сите натпреварувања, а причината е во слабите резултати во француското првенство.

Лион веќе седум меча во низа не знае за победа во Лига 1, а во меѓувреме екипата претрпе четири порази, меѓу кои последниот во дербито против Сент Етјен. Тоа ја прелеа чашата, па затоа следуваше и овој отказ.

Како третопласирани минатата сезона, Лавовите се изборија за групната фаза во ЛШ, а имаа и многу поголеми амбиции во новата сезона кои засега не се остваруваат. Додека управата не најде замена, со екипата ќе раководи асистентот Жералд Батичле под команда на спортскиот директор Жунињо.

- Оглас -

Најнови вести