Ден за уживање – Голем број на фудбалски дерби средби, Македонија, МЗТ…

Денешниот ден е само за мераклиите на на спортот, а лошото време надвор е само причина плус за да останете дома и да уживате пред телевизорот, бидејќи има навистина голем број на интересни средби.

Првата е веќе за помалку од половина час, каде силите во полуфиналето од шкотскиот куп ќе ги одмерат Селтик и Глазгов Ренџерс. ПСВ и Ајакс ќе одиграат нов „класикер“ од 18 часот, а овојпат влогот ќе биде трофеј во купот на Холандија.

Во Бугарија, се игра големото дерби на Софија каде што ЦСКА од 16 часот ќе се соочи со Левски во плејофот од националниот шампиопнат. Можеби и најголем спектакл ќе приредат Олимпијакос и Панатинаикос вечерва од 20:30 часот, а ништо чудно оваа средба и да не го дочека својот крај.

ПСЖ и Олимпик Марсеј (21 часот) ќе се соочат во Франција а голема штета е што е забранет влез на гостинските навивачи. Во дербито на Лисабон, пак, ќе играат Спортинг и Бенфика од 21:30 часот ќе водат голема битка.

Додека, пак, Реал Мадрид ќе има навистина тешко гостување кај Севилја од 21:00 часот.

За нас Македонците, пак, тука секако е и мечот на нашата селекција против Чешка од 19 часот, а од истиот термин, МЗТ го игра финалниот меч од АБА 2 лигата против Златибор Чајетина во салата „Јане Сандански“.

 

- Оглас -

Најнови вести