Понеделник, 8-ми Мај ќе биде запишан во “книгата“ со рекорди на англиската Премиер лига, бидејќи се постигнати најмногу погодоци во еден ден кога на програмата биле три натпревари. Денес беа постигнати вкупно 21 погодок на три натпревари или во просек по 7 голови на меч. Воедно, на сите натпревари беа постигнати по најмалку три погодоци во секое полувреме.
Фулам го совлада Лестер со 5-3 (3-0), Брајтон загуби дома од Евертон со 1-5 (0-3) и Нотингем го победи Саутемптон со 4-3 (3-1).
Со “кладилничарски“ речник, излегоа речиси сите игри на голови, што значи дека што и да одигравте на голови, вечерва сигурно имате добитен тикет.
17 – The 17 goals scored (so far) today is the highest on a single day of Premier League football with three games or fewer played. Glut.
— OptaJoe (@OptaJoe) May 8, 2023