Од денеска турбо ритам на ракометното СП, седум натпревари и 20-мина играчи за „плус-минус“ голови во понудата на Sport Life

Денеска е втор ден на ракометното Светско првенство во кој ќе се играат седум натпревари, за кои Sport Life подготви широк спектар на игри за обложувачите. Во понудата за секоја од овие седум средби може да се одиграат 35, 44, 45 или 46 различни игри.

Освен стандардните ракометни игри за конечен тип, исход по првото полувреме, полувреме-крај, вкупен број голови, хендикеп, двојна шанса, вкупно голови на секој тим одделно и слично.

Дербито на денот ќе биде натпреварот помеѓу Исланд и Португалија кое ќе се игра во рамките на групата Д. Според експертите, Исланѓаните се фаворит од сенка и речиси сите се убедени дека можат да изненадат некој од фаворитите (Данска, Франција, Шпанија, Шведска, Норвешка), па дури ги гледаат и како сигурни учесници во полуфиналето. На претходното СП што се играше пред две години, Исланд го освои 20-рото место.

Португалија има одлична генерација и на последните неколку големи натпреварувања бележи одлични резултати. На претходниот Мундијал го освои 10-тото место. На претходното СП што се играше во Египет, Поругалците беа во иста група со Исланд и славеа со 25:23.

Денеска својот прв натпревар на СП ќе го одиграат две репрезентации кои беа дел од поранешната СФРЈ, Словенија и Црна Гора. Словенците предводени од нов селектор, Урош Зорман, се фаворит против Саудска Арабија, додека Црногорците, кои беа најпријатно изненадување на минатогодинешното ЕП, играат против Шпанија, која ја има фаворитската улога.

По вчерашниот настап на Полска, вечерва ќе настапи и вториот коорганизатор на СП, Шведска, која е фаворит во дуелот со Бразил.

Sport Life подготви и понуда за „плус-минус“ голови во која има 20-мина ракометари. Играчи од кои се очекува да ја надминат предложената граница се Алекс Душебаев, Мате Лекаи, Џим Готфриндсон, Хампус Ване….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести