Денеска ќе дебитира на официјален меч – Несторовски и Лазања тандем за голови против Судтирол

Илија Несторовски има големи шанси да биде стартер за Удинезе против Судтирол, денеска од 20.30 часот во меч од италијанскиот куп, што би било и деби за него на официјален меч во новиот клуб.

Македонскиот репрезентативец е на поширокиот список на тренерот Игор Тудор за дуелот од првото коло во националниот куп, а италијанските медиуми го најавуваат и во првиот состав, како тандем во нападот со капитенот Кевин Лазања.

Во ситуација кога Пусето не е комплетно подготвен за настап, а и Теодорчук не е физички најподготвен, остануваат три опции за веројатно две позиции во нападот.

Лазања, кој е капитен на Удинезе е сигурен избор на Тудор, а на Несторовски му конкурира Матос, но Македонецот според најавите од Италија е поблиску до место во стартните 11.

Летово тој пристигна во Удине, како слободен играч од Палермо и потпиша тригодишен договор со Удинезе, со опција за продолжување на уште една сезона.

- Оглас -

Најнови вести