Денеска прават „селфи“ со нив, утре ќе им викаат „уа“, ќе навива и Ноле

Пристигнувањето на Нејмар, Мбапе, Кавани, Алвес, Ди Марија, Буфон и останатите ѕвезди на Пари Сен Жермен беше причина на белградскиот аеродром да се појават бројни фанови кои бараа прилика да им се доближат и да се фотографираат со своите омилени фудбалери или да земат автограм.

Играчите на ПСЖ беа добро расположени, а како ќе биде утревечер, по натпреварот на „Рајко Митиќ“, останува да се види. На париските „светци“ им треба победа за да одат во осминафиналето од ЛШ.

Денеска со лет од Монте Карло во Белград пристигна и најпознатиот навивач на Црвена ѕвезда, тенисерот Новак Ѓоковиќ. Светскиот рекет број 1 на „Инстаграм“ објави слика на која пишува „Ја сакам Србија“.

- Оглас -

Најнови вести