Ќе има ли „шпалир“ за новиот шампион на примопредавањето на титулата?

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, во објава на социјалните мрежи се осврна на сезоната која завршува, ја најави следната, ги откри плановите околу ростерот на новиот македонски шампион и подготовките, но и најави дека очекуваат „шпалир“ од Шкендија на последниот првенствен меч.

„Следниот викенд очекуваме шпалир со ракоплескање и честитање на титулата за најтрофејниот клуб во државата.“ – напиша Неделковски.

Следниот викенд се игра последното коло, кое нема да решава ништо, барем кога во прашање е шампионската титула, а на Национаната арена во Скопје ќе играат последните два шампиони – Вардар и Шкендија.

Сепак, во среда се игра финалето на Купот на Македонија, а таму се екипите на Шкендија и Силекс, па може да се случи да има и двоен шпалир, доколку екипата од Тетово дојде до трофејот, а мечот да биде своевиден Супер куп.

- Оглас -

Најнови вести