Фудбалерите на Вардар ја освоија 12-тата титула од независноста на Македонија или вкупно 13-та ако ја сметаме и онаа во поранешна Југославија, а за ваквиот успех ќе бидат богато наградени.
Раководството на „црвено-црните“ одлучи на фудбалерите да им подели премија од 250.000 евра, а веќе е најавено дека амбициите на клубот за следната сезона се јасни – двојна круна.
Вардарци по мечот против Шкендија, кој треба да се одигра следниот викенд, ќе бидат на заслужена пауза до осми јуни, а три дена подоцна се селат на подготовки во Италија.

