Дени Илиев не прими гол на хаотичното градско дерби на кое имаше три црвени картони

Македонскиот голман Дејан Илиев, ја зачува својата мрежа на сараевското дерби помеѓу Железничар и Сараево.

Средбата заврши 0-0, а судијата покажа дури три црвени картони, два за играчи на Жељо и еден за фудбалер на гостите, па во второто полувреме се играше десетмина против деветмина. Сепак, Сараево не ја искористи бројчаната предност.

Илиев немаше многу работа, Железничар упати само еден шут во рамките на голот, па како и многупати во вакви градски дербија, поинтересно беше на трибините отколку на терен.

- Оглас -

Најнови вести