Денот кога светот се чудеше: Ибра даде четири гола, последниот беше со „ножички“ од 35 метри (Видео)

Златан Ибрахимовиќ и денеска е еден од најпопуларните напаѓачи, затоа што благодарение на 39-годишниот голгетер Милан е лидер во италијанската Серија А. Оваа форма на Златан не е од сега. Повеќе од 15 години тој е еден од најдобрите голгетери во светот.

Неговата моќ на фудбалскиот терен најдобро ја почувствуваа Англичаните на дуелот кој се одигра на 14 ноември пред осум години. Шведска славеше со 4:2, а сите четири погодоци за Викинзите беа дело на популарниот Ибра.

Незадржливиот Златан даде хет-трик, а во последните моменти од мечот, како круна на блескатата игра постигна и четврти погодок, кој е еден од најдобрите во неговата кариера. Со „ножички“ од преку 35 метри, Ибра успеа да ја затресе мрежата на англиската репрезентација, а сите на стадионот со неверување гледаа во потегот на тогашниот капитен на Шведска.

 

- Оглас -

Најнови вести