Тренерот на НБА-тимот Денвер нагетс, Мајк Мелоун, на денот за медиуми се појави на прес-конференција на која најави дека нивниот главен играч, центарот Никола Јокиќ, во претстојната сезона почесто ќе добива одмор и дека нема да ги игра сите натпревари.
Самиот Јокиќ, кој летово одби да игра за репрезентацијата на Србија затоа што му требало одмор, рече дека ќе ги слуша советите на лекарите на Нагетс.
Одморањето на играчите во финишот на сезоната не е популарно и е нешто што многу се критикува од аналитичарите и публиката.