Денвер е голем фаворит и на вториот меч против Мајами во големото финале (Фото)

Вечерва се игра вториот натпревар од големото финале во НБА-лигата меѓу Денвер нагетс и Мајами хит, а Sport Life, ја има најдобрата понуда за своите обложувачи.

Дебитантот во финалињата, Денвер нагетс, предводен од неверојатниот Никола Јокиќ, славеше на првиот меч со 104:93 кој се играше во „Бол арена“ во Колорадо, а и вечерва ќе ја има фаворитската улога.

Денвер игра одлично во плејофот, загуби само на три меча досега, а се наоѓа во серија од седум триумфи по ред. Најзаслужен за одличните игри на тимот од Колорадо е Никола Јокиќ, кој има дури девет трипл-дабл остварувања во 16 натпревари досега, а во првиот дуел со Мајами имаше учинок од 27 поени, 10 скока и 14 асистенции.
Дополнителен проблем за тренерот на Мајами, Ерик Сполстра, во обидите да го запре Јокиќ, претставува повредата на Коди Зелер, чиј настап за вечерва е под знак прашалник.

Квотата за триумф на Денвер изнесува 1,37, додека таа за триумф на Мајами е 3,50, а Sport Life нуди шест опции да се одигра на хендикеп. Во обложувалниците на Sport Life може да се одигра на триумф на Денвер со 5.5, 6.5, 7.5, 8.5, 8.5, 10.5 и 11.5 поени разлика со одлични коефициенти.

Финалната серија не може да помине без игрите за „плус-минус“ поени, скокови и асистенции на кошаркарите.

Очекувано, највеќе поени се очекуваат од Никола Јокиќ, границата за него изнесува 27.5 поени, додека за еден поен е помала за Џамал Мареј и за главниот играч на Мајами, Џими Батлер.

- Оглас -

Најнови вести