Денвер е пораззен од најслабиот тим на Западот и го загуби првото место (Видео)

Кошаркарите на Денвер нагетс се поразени од Сан Антонио спарс со 121:120 и со тоа го загубија првото место на табелата во Западната конференција.

На еден меч до крајот на регуларниот дел од сезоната, Минесота, Денвер и Оклахома сити имаат идентичен скор од 56 победи и 25 порази.

Денвер ги имаше работите во свои раце, водеше со 23 поени разлика, а на почетокот од последната четвртина прокоцка водство од 17 поени.

 

Поените за победа на најслабиот тим на Западот ги постигна Девонте Греем на 0,2 секунди до крајот на мечот.

Главната ѕвезда на шампионот, Никола Јокиќ во последните три минути ги промаши двата шута, а имаше и една загубена топка, со што му „кумуваше“ на поразот на својот тим.

Јокиќ мечот го заврши со 22 поени и 12 скока, додека најпрецизен беше Џамал Мареј со 35 поени. Кај Сан Антонио блескаше Виктор Вембањама со 34 поени и 12 скока.

 

Поразот на Денвер го искористи Минесота тимбервулфс која со 109:106 ја совлада Атланта. Во редовите на Минесота, по пауза од 18 меча, на терените се врати Карл-Ентони Таунс, додека Оклахома сити го победи Милвоки со 125:107.

 

Доколку трите екипи завршат со идентичен скор, Оклахома сити ќе биде прва во Западната конференција, Минесота втора, а Денвер трет. Доколку Минесота и Оклахома сити имаат идентичен скор, тогаш предност ќе имаат тимбервулфси.

Во последното коло, Денвер ќе му гостува на Мемфис, Оклахома сити ќе игра против Далас, а Минесота пред своите гледачи ќе игра против Феникс.

Во Западната конференција, во последниот меч ќе биде одлучено кој ќе заврши како шести, во предност е Њу Орлеанс (49-32) пред Феникс (48-33) и со победа пеликанс ќе обезбедат директен пласман во плејофот.

На Истокот е далеку покомпликувана ситуацијата, сигурно е само дека Бостон е прв, а сигурен пласман во плејофот имаат обезбедено уште Њујорк, Милвоки и Кливленд, додека од петтото до седмото место три екипи, Филаделфија, Индијана и Орландо имаат идентичен скор (46-35) и една од нив ќе игра во плеј-ин турнирот за пласман во плејофот.

Резултати: Филаделфија – Орландо 125:113, Вашингтон – Чикаго 127:129, Бостон – Шарлот 131:98, Кливленд – Индијана 129:120, Њујорк – Бруклин 111:107, Мемфис – ЛА Лејкерс 120:123, Мајами – Торонто 125:103, Минесота – Атланта 109:106, Оклахома сити – Милвоки 125:107, Сан Антонио – Денвер 121:120, Далас – Детроит 89:107, Голден стејт – Оклахома сити 109:114, Портланд – Хјустон 107:116, Сакраменто – Феникс 107:108.

- Оглас -

Најнови вести