Денвер ќе мора да победува без болниот Јокиќ

8399 Денвер нагетс – Њујорк никс (НБА, 04 часот)

Никола Јокиќ, најдобриот играч на Денвер и во НБА-лигата во последните две сезони, е болен и ќе го пропушти вечерашниот натпревар на неговиот тим против Њујорк. Денвер игра одлично на стартот од сезоната и моментно се наоѓа на второто место во Западната конференција со девет победи и четири порази, додека Њујорк има половичен ефект, по седум победи и порази.

Во отсуство на Јокиќ, главната улога на теренот се очекува да ја преземат Џамал Мареј и Мајкл Портер јуниор, кои полека влегуваат во натпреварувачки ритам и во последниот меч на Денвер, заедно постигнаа 54 поени во победата над Чикаго.

Предлог тип: 1 со хендикеп од 4.5 поени (2.00)

 

8388 Милвоки бакс – Кливленд кавалирс (НБА, 02 часот)

Тимот на Милвоки бакс има големи проблеми со повредите на стартот од сезоната. Инглс, Метјуз и Мидлтон сè уште се повредени, а за вечерва неизвесен е и настапот и на Ален, Грин и Холидеј, па поради тоа, првата ѕвезда Јанис Адетокумбо ќе мора даде 100 отсто од своите можности.

Јанис во минатото покажа дека обожува предизвици и на својот тим му донесе една шампионска титула, а вечерва за противник го има Кливленд, кој има добар старт на сезоната со осум победи и пет порази.

Но, и Кливленд има проблеми со повредите, покрај Ален и Рубио, кои сигурно нема да настапат, неизвесно е дали ќе игра и Донован Мичел, што би требало да му ја олесни задачата на Адетокумбо.

Предлог тип: 1 (1.59)

 

8451 Џејсон Тејтум (НБА, Атланта – Бостон, 01.30 часот)
Бостон и Атланта се наоѓаат на првото и третото место на табелата во Источната конференција и сезонава за првпат ќе играат меѓу себе.

Последните две средби ги одиграа минатата сезона и на двата славеше Бостон (107:98 и 105:95), и тоа благодарение на Џејсон Тејтум.

Крилото на Бостон во тие два меча постигна вкупно 70 поени, 38 на првиот и 38 на вториот и се очекува вечерва да прикаже уште една слична партија.

Предлог тип: >30.5 поени (1.90)

 

8405 Карл-Ентони Таунс (НБА, Орландо – Минесота, 01.30 часот)

Орландо меџик има големи проблеми со повредени кошаркари, Ентони, Фулц, Херис, Ајзак и Вагнер се повредени и тоа би требало да им ја олесни работата на кошаркарите на Минесота, посебно на главната ѕвезда Карл-Ентони Таунс.

Таунс сезонава има голема помош во рекетот во Руди Гобер, кој дојде до Јута и може повеќе да се фокусира офанзивниот дел од неговата игра. Отсуството пак на центарот на Орландо, Вагнер би требало да му овозможи на Таунс последно да дојде до својот годинешен просек од 21,3 поени по натпревар.

Предлог тип: >21.5 поени (1.87)

 

8398 Далас маверикс – Хјустон рокитс (НБА, 02.30 часот)

Лука Дончиќ има серија што во историјата на НБА ја имаат само уште петмина кошаркар, и засега е главен фаворит за МВП признанието. Дончиќ е прв стрелец во НБА со просечни 34,4 поени по натпревар и сите знаат дека играта на Далас се врти околу него.

Вечерашен противник на Далас му е најслабиот тим во целата лига, Хјустон рокитс, кој досега оствари само две победи. Сè освен убедлив триумф на Далас ќе претставува големо изненадување.

Предлог тип: 1 со хендикеп од 7.5 поени (1.82)

- Оглас -

Најнови вести