Депај мисли на Барселона, Лион не може да даде гол од игра (Видео)

Ним приреди изненадување против апсолутниот фаворит Лион и успеа да освои значаен бод со реми без голови на гостински терен во премиерниот меч од четвртото коло во Лига 1.

Домаќините имаа иницијатива и посед на топка од 74 проценти, но не најдоа пат до мрежата на одлично организираните гости.

Екипата чиј член е и нашиот репрезентативец Влатко Стојановски, кој е на позајмица во второлигашот Шамбли имаше и неколку шанси за комплетна сензација, особено на почетокот на мечот.

Лион потоа доминираше, но остана без гол од игра на трет меч по ред. Единствен стрелец за Лавовите во последните 270 минути во Лига 1 беше Мемфис Депај, од пенал против Монпелје.

Во 50. минута на домаќините им беше поништен гол, сосема оправдано, бидејќи топката ја мина гол-аут линијата пред Дембеле да ја затресе мрежата на Ним.

Депај се уште се надева дека ќе замине во Барселона, клуб кој е заинтесиран за Холанѓанецот, но засега нема пари да ја плати отштетата што ја бара Лион.

Со една победа и пораз и две нерешени средби Лион е на десеттото место на табелата по четири одиграни натпревари, а Ним има четири бода на 12. позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести