Новото, седмо пролетно коло на Спортска прогноза со Спорт Манија и обложувалниците на Sport Life веќе е подготвено, 13-те двојки се исклучително интересни, а првиот викенд од март носи големи дерби-натпревари низ цела Европа.
Лондонско дерби Тотенхем – Арсенал, римското дерби Лацио – Рома, белградското Црвена ѕвезда – Партизан и најголемото шпанско дерби, Ел класикото Реал Мадрид – Барселона се играат во сабота. Вистински предизвик за секој прогнозер е да ги погоди исходите на овие мечеви кои предизвикуваа внимание и воздишки кај љубителите на фудбалот.
Ниту неделата нема да мине без дербија, Наполи го пречекува Јувентус, Валенсија ќе го нагости баскискиот Атлетик, а Аталанта и Фиорентина по пресметката во Купот, ќе се судрат и во Серија А. Во понеделник има француско дерби помеѓу некогашните шампиони Марсеј и Сент Етјен. Во резервите двојки го имаме градското дерби во Ливерпул, во кое Евертон е домаќин.
Главната премија што е во игра за секое коло на Спортската прогноза е iPhone XS, мобилен телефон што е „ин“ и вреди да се има, а во нашата игра може да се добие како награда со погодени 13 двојки во едно коло.
Со едноставно прогнозирање на страницата на Спорт Манија само во неколку чекори, бесплатно ќе се вклучите и во игра за мобилен телефон „Samsung Galaxy A6“, но и од вредносните ваучери од спортските обложувалници на Sport Life.
Како потсетување, Спортската прогноза нуди двојна можност за награди, а се бие битка и за водечките позиции во Генералниот пласман. Тука се сметаат и двата резервни пара, а и тие носат поени како и редовните 13 двојки во секое коло. Прогнозирањето за новото коло веќе е почнато од денеска, не го пропуштајте, а можете да типувате 13+2 двојки до почетокот на првиот меч, до сабота во 13.30 часот.