19.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Дерби-дуели во Англија, Италија и Португалија во новото коло на Спортската прогноза

Типувањето за новото, четврто коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е отворено.

Првиот натпревар започнува в сабота, во 14 часот, а тоа значи дека тоа е терминот до кој може да типувате.

Саботни предизвици се мечевите: Овиедо – Леванте, Аугсбург – Волфсбург, Вердер – Ст. Паули, Жирона – Валенсија, Челзи – Ливерпул.

Дербито в сабота, секако, е на „Стемфорд бриџ“, но има два мегадуела и во Италија и во Португалија в недела.

За недела остануваат мечевите: Удинезе – Каљари, Евертон – Кристал палас, Фиорентина – Рома, Хамбургер – Мајнц, Еспањол – Бетис, Менхенгладбах – Фрајбург, Јувентус – Милан, Порто – Бенфика.

В недела се играат и двата резервни пара кои се бројат за генерален пласман.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари од основната понуда, како подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

- Оглас -

Најнови вести