Дерби-дуели во Ла Лигата и Премиер лигата се предизвиците во последното коло од Спортската прогноза

Типувањето за последното коло од седмата сезона на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, и официјално започна. Триесет и воторото коло е последно од оваа сезона, но нема да биде ништо понеинтересно од претходните.

Помеѓу 13-те натпревари има по три дуели од германската Бундеслига, италијанската Серија А и англиската Премиер лига, додека најзастапена е шпанската Ла Лига со четири меча.

Во сабота се играат само три дуела и сите се од германското првенство, додека останатите 10 меча на програмата се во недела.

Најголемо внимание привлекуваат натпреварите помеѓу Рома и Милан, како и оној на Арсенал и Њукасл.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести