Четворица играчи на Спортска прогноза беа многу блиску до освојување вредносни ваучери од Sport Life, но им недостасуваше барем уште еден точен „фикс“ за да имаат 11-ка. Крсте, Бобан, Филип и Димитар беа со 10-ка во колото кое беше како резервирано за дерби-дуели.
Без разлика што во ова коло нема добивки, секој погоден тип е многу важен посебно во Генералниот пласман, бидејќи на крајот ќе има вредни подароци за најдобрите. Затоа немојте да пропуштите ниту едно коло во БЕСПЛАТНАТА Спортска прогноза која ви ја нудат Спорт Манија и Sport Life. Најдобрите во Генералниот пласман досега имаат по 26 погодоци.
Доколку успеете да ги погодите сите 13 парови, односно освоите Среќна 13-ка, следува мобилен телефон iPhone XS. Еден утнат пар носи вредносен ваучер од 1.000 денари, додека 11-ка е доволна за ваучер од 500 денари во Sport Life.
За брзо време очекувајте ги паровите од 4. коло.