Дерби-дуелите во Шпанија, Италија, Франција, се предизвик за играчите на Спортската прогноза

Јубилејното 30-то коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија – Спортската прогноза на Sport Life – е во тек, а играчите имаат можност да ги погодат резултатите од 13 натпревари и да освојат вредни награди.

Љубителите на спортската прогноза уште два дена ќе имаат можност да ги проверат своите фудбалски знаења и инстинкти. Во Сан Себастијан, Реал Сосиедад го пречекува својот баскиски ривал Атлетик Билбао, додека во Италија, Болоња и Јувентус ќе играат директен дуел за пласман во Лигата на шампионите.

Особено интересен е натпреварот меѓу Стразбур и ПСЖ, за кој дури 40% од досегашните прогнозери очекуваат победа на домашниот тим. ПСЖ веќе ја обезбеди титулата во Франција и е целосно фокусиран на натпреварите во Лигата на шампионите, па поразот во претходното коло ги охрабрува типувачите да прогнозираат уште еден кикс на Светците.

Најуспешниот прогнозер со 13 погодени натпревари ќе може да избере еден од следниве подароци: Samsung 55” 4K Smart ТВ, Xiaomi електричен тротинет или PlayStation®5. За оние со 12 погодени натпревари следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11 погодени натпревари – ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести