Кога треба да играат Аргентина и Португалија, тоа е најава за интересен меч, без разлика на кој фронт е дуелот. Овојпат се работи за мундијалска пресметка на играчи до 20 години. По првото коло, двете селекции имаа три бода. „Гаучосите“ беа убедливи против Јужна Африка и славеа со 5:2, додека Португалија со само еден постигнат гол стигна до посакуваната радост против Јужна Кореја.
Победникот од овој дерби меч сигурно ќе си обезбеди место во нокаут фазата, но и реми може да одговара на двете селекции. Во вториот меч од оваа група, Јужна Кореја против Јужна Африка ќе се борат за првите бодови.
Во Е групата, Франција е апсолутен фаворит против Панама, а неизвесно треба да биде меѓу Мали и Саудиска Арабија.
Комплетната понуда од сите средби на Мундијалот во Полска може да ја проверите на Sport Life обложувалниците.