Дерби-натпреварите ширум Европа се вистински предизвик во новото коло на бесплатната Спортска прогноза

Tипувањето за новото коло од бесплатната Спортска прогноза е во ек, а играчите веќе типуваат на своите фаворити. Според нив, Манчестер сити има многу поголеми шанси да го добие дербито против Арсенал, а и многу повеќе типувачи го фаворизираат Интер на градското дерби против Милан.

Во Серија А ќе биде интересен и дуелот меѓу Јувентус и Наполи.

Многу понеизвесно се очекува да биде на дерби-мечот од францускиот шампионат меѓу Лион и Олимпик Марсеј.

Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За една утка и 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести